Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу денеска информираше дека Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со својот колега од Турција, претседателот Реџеп Тајип Ердоган и тоа уште следниот месец, пред одржување на самитот на НАТО.
Извори од кабинетот на Ердоган вчера соопштија дека Трамп телефонски го побарал турскиот претседател и „му ја честитал победата на референдумот“.
Ердоган во интервју за Си-Ен-Ен изрази задоволство од честитката на Трамп по повод резултатите од референдумот, нагласувајќи дека потезите на Трамп го прават среќен и тој би сакал да се сретне во живо со него.