7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

БСП поднесе предлог за замрзнување на пратеничките плати

Во првиот работен ден на 44. парламент во Бугарија, од БСП излегоа со предлог за замрзнување на пратеничките плати.

Лидерот на партијата Корнелија Нинова предлогот на партијата го соопшти ова уште вчера, по заклетвата на новоизбраниот парламент. Таа кажа дека ќе предложи платите на пратениците да бидат на нивото од крајотна 43. парламент.

Новиот претседател на Собранието, Димитар Главчев од ГЕРБ истакна дека доколку платите останат исти како тие од крајот на мандатот на 43. парламент тие ќе бидат повисоки од сегашните.

поврзани објави

Последни објави