6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Ердоган: Обама ја измами Турција со ветувањата за помош против ПКК

Поранешниот американски претседател Барак Обама во однос на соработката против забранетата Курдистанска работничка партија (ПКК), изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Со претседателот Обама имавме апсолутно разбирање за ПКК, но Обама не измами. Не верувам дека администрацијата на новиот претседател Доналд Трамп ќе го стори истото“, посочи турскиот претседател.

Ердоган во изјавата вели дека се надева дека Турција и САД под водство на новиот претседател ќе ги зајакнат односите. Тој исто така ја потврди изјавата на министерот за надворешни работи на Турција, Мевљут Чавушоглу, дека двајца претседатели планираат средба во мај.

„Трамп ни честиташе за референдумот и финалното гласање. Најважното прашање кое го дискутиравме во телефонскиот разговор беше за развојот на ситуацијата во Ирак и Сирија. Планираме да се состанеме во мај и да разговараме за работите лице во лице“, додаде Ердоган.

поврзани објави

Последни објави