Сите процедури за монтажа и тестирања на првиот бугарски геостационарен комуникациски сателит во историјата Bulgaria-sat1 завршиле без проблем.
Процесот на тестирање и монтажа беа направени од страна на компанијата Space Systems/Loral (SSL) во Калифорнија.
Кога ќе биде истрелан, сателитот ќе биде позициониран во орбита на 36. 000 километри над Земјата, осигурувајќи комуникациски услуги на Балканот и во другите европски региони. Во моментов се врши проверка за транспорт на сателитот до локацијата за лансирање во Кејп Каневарал.