fbpx
25.8 C
Skopje

Шекеринска до Вељаноски: Груевски не можеме да го прибереме во државата, а камоли во Собранието

АКТУЕЛНО

Денеска повторно расправата со ист тон, исто темпо и без никаква дискусија за точката на дневен ред. Најпретпочитаната тема за дискусија за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ е декларацијата односно платформата на албанските политички партии. Заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска ги обвини пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дека имаат несериозен пристап и продолжуваат да го кршат деловникот, со цел да спречат легитимен трансфер на власта.

„Вие како претседавач продолживте да го кршите деловникот. Тоа не е случајно. Тоа е план на ВМРО-ДПМНЕ да спречи легитимен трансфер на власта. Македонија е независна 20 и кусур години. Сме имали илјада и еден проблем. Ама никогаш до сега, една партија не го блокирала целиот систем. Вие го го кршите Уставот за кој зборувавме толку, само за да не ја предадете власта.

Има многу, секојдневни последици на ваквото кршење на Уставот. Животот продолжува, проблемите растат. Македонија е држава во која ни министерство за здравство ни лекарска комора реагира кога еден лекар се изживувал врз животите на пациентите. Јас денеска сакам да кажам дека додека овде се дискутира, македонските инстутиции остануваат неми сведоци на катастрофата што ја погоди Преспа и Ресен.

И минатогодишниот мраз остана без било каква компензација од државата. Не е во ред ова што го правите. Луѓето се јавуваат денеска и велат што ќе се случи. Денеска тие не гледаат телевизија, туку се обидуваат да спасат она што може да се спаси“, рече Шекеринска.

Шекеринска му се обрати на претседавачот на седниата, Трајко Вељановски и го обвини дека ја злоупотребува неговата функција.

„Денеска ми држите лекции за тоа кој колку бил присутен во изминатите денови во Собранието. Па објаснете и на јавноста како Никола Груевски го нема во Собранието и едвај успеавме да го видиме на 15 минути овде во Собранието. Не можеме да го прибереме во Собранието, а камоли во државата. Погледнете во сопствениот двор па потоа барајте забелешка за пратениците на СДСМ“ рече Шекеринска.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -