Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) со најновите инфромации информираше дека патните правци во Источна Македонија поради снежни наноси се надвор од употреба.
Oд 08.00 часот сообраќајот на патниот правец Валандово – Стар Дојран и обратно на м.в.Бела Барака, е во прекин во двата правци, поради наноси од снег.
Исто така магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ од 06:00 поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин. На тој начин се отсечени и останатите општини од овој дел, Пробиштип, Чешинов-Облешево, Зрновци, Виница, Пехчево, Берово, Делчево и Македонска Каменица.