2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Утрово пола Македонија со минусни температури

Метеоролозите утрово во Лазарополе регистрирале -8 степени под нулата, со што ова населено место беше најстуден дел во земјата.

Како што соопштија од УХРМ, нешто „потопло“ во 7 часот било во Маврово и Крушево со -6, -5 во Берово, -4 во Кр. Паланка, -3 во Пожаране, Битола, -2 во Тополчани, Виница, Ѓуриште, Охрид, Прилеп, Штип, Скопје Петровец, -1 во Претор, Струмица, Д. Капија, 0 во Куманово, 1 во Скопје и 3 во Гевгелија и Дојран.

Утрово беше сончево со мала до умерена облачност. Малку повеќе облачност имаше во Преспа и во јужните делови од Пелагонија.

Во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Повеќе сонце ќе има во централните делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, само долж Повардарието ветерот повремено ќе засилува. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17 степени. Во Скопје до 15° С.

поврзани објави

Последни објави