6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Манчевски: Груевски го штити директорот на Водовод поради роднински врски (ВИДЕО)

„Бараме Коце Трајановски веднаш да превземе мерки против директорот на ЈП Водовод и канализација, кој има невалидна диплома. Коце Трајановски до сега одамна требаше или да го смени или да го суспендира директорот Александар Атанасов.

Вистината е дека Коце Трајановски ја нема ниту силата, ниту храброста за да го направи тоа, затоа што тој не е вистинскиот градоначалник на Скопје. Вистинскиот градоначалник Никола Груевски е во роднински врски со Атанасов и тој не ја дозволува негова смена.

Исто како и во Собранието на Македонија, Никола Груевски воведува целосно безаконие и во градот Скопје. Не важат правила, не важат закони, не важи Устав.

Ги повикуваме сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ да се одважат и да се охрабрат. Да ги почитуваат законите. Заедно да го спречиме хаосот и безаконието преку кои Никола Груевски единствено го гледа својот единствен спас.

Веднаш потоа да одиме на локални избори, каде граѓаните на Скопје ќе добијат вистински градоначалник“, изјави Дамјан Манчевски, пратеник и потпретседател на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави