11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

СДСМ: Неразумниот Груевски го блокира целиот државен систем

„Парламентарното мнозинство избрано од граѓаните на кредибилни избори мора да ги заштити граѓанските и државните интереси.

Граѓаните и државата се под заложништво на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои со насилство ги блокираат демократските процеси.

Тие се подготвени, за да се спасат од одговорност, да го блокираат целиот државен систем и да ги жртвуваат стабилноста на Македонија и егзистенцијата на луѓето.

Земјоделците се уште не ги добија субвенциите. Фирмите доцнат со исплата на плати. Министрите во заминување веќе 4 месеци се со технички овластувања. Најзагрижувачки, за три недели Македонија ќе остане без градоначалници и советници, бидејки тогаш по закон престануват сите нивни овластувања.

Граѓаните гласаа против насилства, заложништва, криза, притисоци, против кршење на Уставот и законите. Тие во огромно мнозинство избраа промени и заедништво и очекуваат квалитетен живот и евро-атлантски интеграции.

Нивните 700.000 гласови се преточени во демократски формирано парламентарно мнозонство од 67 пратеници кое има обврска да ги заштити граѓанските и државните интереси.

Бидејки се работи за неразумни политичари како Груевски и Иванов, парламентарното мнозинство постапува мудро за да ги заштити државата и граѓаните од насилието на криминалната група која сака инциденти и не дозволува мирен трансфер на власта.

Но мнозинството нема да дозволи насилството на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрози граѓаните и државата. Ги знаеме своите обврски и скоро ќе ја реализираме мнозинската волја на граѓаните, во разумен момент што ќе процениме дека нема да нанесе штети врз граѓаните и државата.

Република Македонија ќе го добие новиот собраниски претседател и новата реформска Влада!

Порачуваме дека разгорувањето тензии и постапувањето спротивно на Уставот и законите се тешки дела против државните и граѓанските интереси, казниви по закон“, се вели во соопштението на СДСМ.

поврзани објави

Последни објави