-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Красимир Каракачанов: Политичките субјекти да изнајдат согласност и пат кон националното помирување (ВИДЕО)

„Нужно е да се побара консензус. Ако ние не изнајдеме пат кон националното помирување и после 27 години продолжуваме да сме нацијата, која најмногу се мрази, најмногу е разделена, тогаш тоа Бугарија нема да ја изведе на нормален пат на кој може да се развива“.

Ова го изјави претседателот на „Обединети патриоти“ и лидер на ВМРО во Бугарија Красимир Каракачанов во емсисијата „Панорама“ на БНТ.

Кога во Турција победува една политика, која ги ограничува демократските слободи и налага исламизам, кога во Македонија веќе близу две години има политичка криза, која прерараснува во етничка, проблемите на Црно море, војната на Блискиот исток, огромната имигрантска криза – што повеќе треба да се случи за да разберат бугарските политичари, дека државата Бугарија е исправена на карта дали ќе оди по истите овие проблеми или ќе се развива, дополни тој.

Лидерот на ВМРО во Бугарија е убеден, дека само консензус по основните прашања меѓу политичките партии ќе ја исправат државата на вистинскиот пат.

Каракачанов ја повика опозицијата во Бугарија да не бара евтини политички трикови и да не шпекулира со прашања кои го засегаат здравјето на граѓаните. Тој ги повика петте политички формации во парламентот на Бугарија да изнајдат решение и согласност за основните проблеми на нацијата – не само безбедноста, приходите и економијата. Парламентот, смета тој, треба да исполнува достоинство и единство.

Тој истовремено ги повика и политичарите да го намалат својот спротиставен тон и да побараат консензус, бидејќи сите тие како пратеници дале заклетва дека ќе му служат на својот народ, а не на своите партии.

поврзани објави

Последни објави