11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

23 април – Светски ден на книгата и авторското право

Светскиот ден на книгата и авторското право е дел од календарот на УНЕСКО. Со празнувањето на овој ден во целиот свет, УНЕСКО се стреми да го промовира читањето, издаваштвото и заштитата на интелектуалната сопственост преку авторското право. Денот почнал да се  празнува за прв пат во 1995 година.

На овој датум во 1616 година починале Мигел де Сервантес, Вилијам Шекспир и Инка Гарсиласо де ла Вега. Тоа е датумот на раѓање или смрт и на други истакнати автори како Халдоур Лакснес, Владимир Набоков. Тоа сосема го аргументира изборот на Генералната конференција на УНЕСКО во овој ден целиот свет да му оддаде почит на книгите и нивните автори, охрабрувајќи ги сите, а особено младите, да го откријат  задоволството од читањето и да го почитуваат придонесот на оние кои придонесуваат за социо-културниот прогрес на човештвото.

Идејата за овој празник потекнува од Каталонија, каде на 23 април, денот на св. Ѓорѓи Победоносец, традиционално се подарува книга. Во 2017 година за Светска престолнина на книгата е избран главниот град на Гвинеја Конакри. Титулата “Светска престолнина на книгата” се доделува од УНЕСКО за прв пат во 2001 година на Мадрид и оттогаш секоја година еден светски град добива оваа титула поради посветеност на каузата на книгата, читањето, создавањето и пристапот до книгите – преку библиотеки, книжарници, издавачи, образовни институции и сите активности поврзани со ова чудо на човековата цивилизација.

Генералниот директор на УНЕСКО Ирина Бокова за Светска престолнина на книгата за 2018 година ја прогласи грчката престолнина Атина.

поврзани објави

Последни објави