8.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

Опозицијата во Албанија со едночасовен протест го блокираше националниот сообраќај во Албанија

„Мала жртва, но голем дар за Албанија“ – вака лидерот на Албанската опозиција, Љуљзим Баша, го опиша денешниот едночасовен протест со кој се блокираше националниот сообраќај во периодот од 11 до 12 часот.

„Секој Албанец е повикан да се придружи. Еден час блокада на националниот сообраќај е мала жртва, но голем дар за Нова Албанија за да се блокира шверцот на дрога, против криминалот, за да се обезбедат основните слободи на граѓаните, што ќе биде гаранција за благосостојба на граѓаните. Не заборавете, еден час сите заедно одлучни и мирољубиви“, порача Баша.

Неговиот политички непријател Еди Рама ги повика граѓаните да не излегуваат на повикот на опозицијата за блокирање на сообраќајот.

поврзани објави

Последни објави