-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Македонско – Бугарско пријателство со поддршка за собирањето потписи во интерес на децата со посебни потреби

Здружението МБП преку соопштение за јавноста информира за нивната поддршка за инцијативата за собирање на потписи во интерес на децата со посебни потреби.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на МБП. 

Здружението „Македонско-Бугарско пријателство“ искажува јавна поддршка за иницијативата на родителите на деца со посебни потреби, кои преку собирањето на 10.000 потписи бараат измени на закони и подзаконски акти, со кои на децата ќе им се овозможи соодветна здравствена и социјална заштита.

МБП ги повикува сите свои членови, симпатизери и сите хумани луѓе со потпис да ја подржат акцијата на родителите, бидејќи таа е во интерес на нивните деца, кои ја заслужуваат целосната поддршка на јавноста. Книгата за потписи се наоѓа во паркот Жена Борец, каде што беше расположен и кампот на родителите и нивните деца.

МБП како организација, што ги следи сите активности од хуман карактер, јавно повикува за масовна поддршка за овие дечиња и подвлекува дека во моментов сите заедно треба да им помогнеме.

Според родителите кои ги бараат измените во законите и подзаконските акти, основна причина за таа иницијатива е еден од најтешките проблеми со кој се соочуваат, а имено– што ќе се случи со овие деца по смртта на родителот, и велат дека имаат предлог како може да се реши ова прашање, бидејќи сега децата со посебни потреби, откако ќе им починат родителите, најчесто завршуваат во психијатриските установи во Бардовци и во Демир Капија.

Да се здружиме сите заедно и да и им помогнеме на децата. Излезете и потпишете се во нивна поддршка, се вели во соопштението на МБП.

поврзани објави

Последни објави