7.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

КРВАВ МАСАКР во Србија: Ги убил синот, сопругата и шурата, а потоа си пукал во глава

Австрискиот пензионер Божидар Д. (77) рано утрово во село Бариќ кај Голубац тргна во крвав пир кога со истрели од пиштол го ликвидираше својот син Мирослав, потоа сопругата Рада и шурата Павле, по што отишол до црквата и таму си пукал во глава. Мотив за ова злосторство наводно е спор околу ТВ антена.

Крвавиот пир на Божидар почнал од улицата каде го застрелал шурата, па го ранил синот и снаат. Тогаш тргнал на сопругат Рада, која побегнала кај своите родители. Но ја стигнал и ја убил.

Началникот на полицијата од Пожаревац потврди дека се работи за повеќекратно убиство на кое му претходела кавга меѓу таткото и синот, а злосторството е извршено со поштол за кое Б.Д. имал уредна дозвола за поседување од 1998 година.

-Со проверка во полициската евиденција е утврдено дека во ова семејство до сега немало пријави за било какво насилство. Станува збор за угледно семејство со солидна имотна состојба и ништо не укажуваше дека ќе дојде до ова тешко злосторство, вели началникот Лазиќ.

Инаку, целото семејство со години работи во Австрија и досега не е забележан било каков испад или случај на семејно насилство во врска со нив.

Увидот е во тек.

поврзани објави

Последни објави