„Ги осудуваме сите провокации коишто имаат за цел поттикнување меѓуетнички тензии, од кого и да доаѓаат, за какви било интереси и да се направени, вклучително и инцидентот со дрон на фудбалски натпревар во Чаир.
Ги повикуваме граѓаните да не потпаѓаат на насилните и потпалувачки сценарија на Никола Груевски и на тесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, кои во нив единствено гледаат обид за спас од одговорност за направените криминали.
Граѓаните на Република Македонија на 11 декември покажаа дека се за единство и за заеднички живот и дека ги отфрлаат насилството и конфликтите коишто ги поттикнува Груевски.
Граѓаните знаат дека постои Програма на новата реформска Влада на унитарна Македонија, достапна и на Веб страницата на СДСМ на следниов линк: http://sdsm.org.mk/News.aspx?idNews=7681&lng=1
Граѓаните и декларираното парламентарно мнозинство нема да дозволат никоj да си игра со мирот и стабилноста на Р. Македонија.
Македонија ќе добие нов собраниски претседател и нова реформска Влада, а сите кои работеле спротивно на законот, ќе одговараат“ се вели во соопштението на СДСМ.