5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Случај Харадинај: Србија испрати целосна документација на Франција, наскоро и барање за испорака

Откато вчера ја испрати целата документација на француските правосудски органи, Србија во најскоро време ќе испрати и барање за испорачување на лидерот на опзициската Алијанса за иднина на Косова и поранешниот хашки осуденик Рамуш Харадинај.

Оваа информација беше потврдена и од Министерството за правда.

„Вчера беше испратена основна судска документација дека случајот и понатаму е активен во Србија. Меѓу документите се наоѓа и решение за развојот на истрагата, издавање на потерница… Барањето ќе биде испратено наскоро“, изјави српското Министерство за правда, а пренесува „Блиц“.

Во меѓувреме, Франција веќе одлучила дека Харадинај останува во екстрадиционен притвор во Франција, се додека Србија не го поднесе барањето. Откако ќе пристине парањето, судот во градот Колмар во источна Франција, треба да одлучи дали ќе има екстрадиција, односно дали Харадинај ќе биде транспортиран во Србија.

Процедурата е следна, Србија на Франција треба да и испрати барање за екстрадиција, а судот во неа одлучува. Харадинај оваа одлука ќе мора да ја пречека во притвор. Колку време ќе трае оваа процедура, зависи од земјата во која е уапсен, но од страна на Србија се очекува тоа да биде што поскоро.

Доколку францускиот суд не го одобрибарањето, Харадинај ќе биде пуштен на слобода. Доколку го пак одобри, одлуката на Франција се препратува во Србија, односно на Министерството за правда, кое потоа ја проследува на судот или на обвинителството.

После тоа, по налог од некоја од овие две институции, настапува српската полиција, која ќе треба да размени информации со француските колеги, а после тоа се обезбедуваат услови за испорачување.

Рамуш Харадинај е уапсен пред два дена на аеродромот во Базел, по потерница од Србија, која го прогонува заради предизвикани злосторства на територијата на Косово и Метохија во периодот од 1998 до 1999 година.

Властите во Белград против Харадинај имаат покренато 108 кривични пријави поради сомнеж дека извршил кривични дела, тероризам, помагање на работата на непријатели и убивање на цивили.

поврзани објави

Последни објави