Државниот секретарот за одбрана на САД Џејмс Матис пристигна во ненајавена посета на Авганистан, каде со политичките и армиските претставници, ќе разговара за безбедносната ситуација во земјата. Се очекува Матис да се сретне со американскиот генерал Џон Николсон, кој во моментот е командант на меѓународните сили во Авганистан, а исто така и со авганистанскиот претседател, Ашраф Гани.
Посетата се случува неколку дена откако 10-тина талибански милитанти, убија најмалку 140 лица. Ова важи за најсмртоносниот напад врз авганистанска воена база во последниве 16 години. Владата на Авганистан го истражува нападот, а Талибанците веќе ја презедоа одговорноста за ова акција.
Првиот човек на Пентагон во Авганистан, доаѓа во време кога Авганистанците од претседателот Гани очекуваат да го обелодени новиот 4-годишен безбедносен план за државата.