6.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

Милошоски: Заев попрво би прифатил да живее со Чаушот и да прави влада со Еди Рама, отколку да живее со македонците во Тетово

По однос на вашиот повик, до лидерот на СДСМ Зоран Заев, со своето семејство да се пресели во Тетово и да живее за да ги види условите, јас само едно ќе ви кажам.

Ако него го повика господинот Чауш да живее во неговата населба, можеби и ќе се согласи, ако го повикаат да живее во Берн каде што промовираше конфедеративна Македонија, можеби и ќе појде, ако го повика Рама во Тирана во борба за власт, можеби и ќе прифати, но не верувам дека некогаш Заев ќе прифати да живее во Тетово, реплицираше Антонијо Милошоски на колегата пратеник Горан Манојлоски кој што јавно го повика Зоран Заев да се пресели со семејството во Тетово и да види за каков соживот се залага со прифаќањето на Тиранскат платформа.

Милошоски исто така додаде дека локалните функционери во општините каде што се претежно албански, својот неуспех и неспособност секогаш пробуваат да го претстават како вина на ВМРО-ДПМНЕ, иако Владата предводена од оваа партија имала направено многу повеќе за граѓаните од тие општини отколку самите градоначалници.

-Најголемата хипокризија е што тие кои што најмногу почитување или доследна буквална примена овој договор во цела држава потфрлаат, намерно или случајно истиот да го имплементираат во местата каде што се мнозинство. Втора работа во обидот секогаш друг да биде претставен како сторител, а некој како жртва се обидуваат дури и нивни политички претставници, нивната неспособност на одредени локални функционери да ја покријат со ставањето на етикети на национализам кон ВМРО-ДПМНЕ.  Еднаш беше кажано на оваа говорница ќе повторам уште еднаш. ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија но и Владата како коалиција во изминатите 10 години има многу повеќе направено за конкретниот живот на граѓаните на Тетово и тетовско од сегашниот актуелен градоначалник. Дури и во областите каде што таа имала нејзини локални градоначалнички надлежности. Но, некогаш неспособноста да да се делува на локално ниво и како градоначалник врз основа на ингеренциите да се направи нешто за животот на граѓаните, се обидуваат некои политичари својата неспособност да ја прикријат со нападите за наводен национализам кон Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додаде Милошоски.

поврзани објави

Последни објави