Земјоделците денеска побараа средба со министрите за финансии и земјоделство, во спротивно тие се заканија дека ќе ги блокираат сите влезови и излези од Скопје.
Бараат со двајцата министри и со директорот на Платежната агенција Игор Златков да најдат решение како да се исплат субвенциите. Во спротивно, протестите ќе ескалираат.
„Да знаете дека Град Скопје ќе биде парализиран тотално. Нема да функционира дури ни леб да се купи. Овде во Скопје ќе ја донесеме стоката. И машини, целата механизација овде ќе ја донесеме. Стоката крави, овци, свињи се овде ќе биде тука нека пасат,“ вели Хевзи Бреза, сточар
„Кога дојде оваа влада на власт, земјоделството го однесе во хаос. Таква Влада не ни треба. А Аризанов, Стаменов и Шаклев зборуваат во центар на Скоје за платформи. Кои платформи? Наместо да расправаат за ниските откупни цени, тие расправаат за платформи. Каде се сега да ги земат тракторите и багерите за да ги поддржат земјоделците,“ изјави Методи Милков, лозар
„Бараме Влада која нема да не казни и нема да ни се одмазди затоа што сме тука. Ние си ги бараме нашите права, ништо повеќе. Ние ги бараме парите за да преживееме. Бараме Влада која нема да не пљачка и со нашите пари да манипулира,“ порача Бедри Ајдари, земјоделец.
Од Министерството за финансии со писмен одговор за тоа зошто нема пари на земјоделците:
„Министерот Миновски не бега од средби, проблемот не е во Министсерството за финанси туку во одредбите од Кривичниот Закон. Доколку се укинат спорните одредби нема да постојат никакви пречки за исплата на субвенциите“ велат од финансии.