Македонскиот шампион Вардар во Скопје ќе брка историја, откако претходно постигнаа победа на првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите на гостувањето кај бундеслигашот Флензбург со 26:24.
Екипата на Вардар ќе ги дочека ракометарите на германскиот тим без поддршката на своите најверни навивачи „Комитите“.
Навивачката група преку соопштение информира дека нема да бидат присутни на четвртфиналниот натпревар во ЛШ во салата „Јане Сандански“, туку ќе го бодрат Вардар пред сала и мечот ќе го следат на видео-бим.
СООПШТЕНИЕПоради игнорантскиот однос на управата на РК ВАРДАР и поради нивната еднострана одлука на најважниот момент…
Posted by Komiti Skopje on Tuesday, April 25, 2017
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на навивачката група „Комити“
Поради игнорантскиот однос на управата на РК ВАРДАР и поради нивната еднострана одлука на најважниот момент во клупската историја на РК ВАРДАР да не ни дозволат организирано да дадеме поддршка на нашиот миленик и да ни ја затворат вратата од нашата трибина,
КОМИТИ нема да бидат дел од реванш натпреварот од четвртфиналниот натпревар од лигата на шампионите.
Поважни им се парите од распродажбата на нашата трибина отколку пеколна атмосфера за сигурен пад на Флензбург во Скопје.
Но, тоа не значи дека нема да ги бодриме
нашите момци во походот кон европскиот трон и финалето во КЕЛН.
Затоа, ВЕ ПОВИКУВАМЕ СИТЕ, да се собереме пред сала, и на платото на видео бим да го гледаме натпреварот и да им докажеме на сите дека нашата љубов е безусловна и дека нема место за луѓе со лични интереси во управата на РК ВАРДАР.
СИТЕ ПРЕД САЛА 18:30 ЧАСОТ !!!
КОМИТИ ЗАПАД !!!