Во Европската унија не гледаат потреба од нови избори во Македонија. Изборите во декември ги оценија како фер и слободни со јасни резултати, а нивно повторување само би ја продолжило кризата, но можат и да доведат до дестабиизација на Македонија.
„Изборите што се одржаа во декември беа слободни и фер, како што потврдија многубројните меѓународни набљудувачи. Затоа би имало многу малку корист од нови избори толку брзо по изборите во декември. Сметам само дека ќе ја пролонгираат кризата, која трае веќе долго, вели Ваутер Пломп, амбасадор на Холандија.
Шведскиот амбасадор Матс Стефансон вели дека е потребно лидерите да почнат дијалог.
„Нови избори во ваква ситуација би се одржале во клима на екстремна конфронтација, што не е добро за стабилноста. Решението треба да се бара во Уставот“, вели Матс Стефансон, амбасадор на Шведска.
Нова влада, а не нови избори, порачува и словенечкиот амбасадор.