fbpx
22.8 C
Skopje

Почина писателката која ја откри тајната за смртта на Хитлер

АКТУЕЛНО

Писателката на воени романи Елена Каган, позната под псевдонимот Ржевскаја, почина вчера на 98 години, објави во Facebook нејзината внука Љубов Сум, пренесе РИА Новости. Во годините на Големата татковинска војна Каган се наоѓа на фронтот како воен преведувач крај градот Ржевск од каде доаѓа и нејзиниот псевдоним. За време на освојувањето на Берлин таа учествува во потрагата по телото на Хитлер и е дел од истажувачките екипи. Таа неколку дена ја чува вилицата на Фирерот, за да се споредат неговите заби со описот во медицинскиот картон. Така е утврдено дека откриеното тело крај бункерот во Берлин е токму на Хитлер.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -