Градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски, објави фотографија, на која се гледаат исушените палми, фрлени во Дрисла. Прашува дали по оваа слика некој уште ‘е протестира во одбрана на криминалот.
Службите на Општина Центар денеска ги пронајдоа изумрените палми. Ова е тажната слика на фрлените половина милион евра во Дрисла.
Службите на Општина Центар денеска ги пронајдоа изумрените палми. Ова е тажната слика на фрлените половина милион евра…
Posted by Andrej Zernovski on Tuesday, April 25, 2017
Од вкупно 138 палми, преживеале само 13 дрвца. Уште кога ни ги донесоа, палмите беа полумртви. Моравме да набавуваме течно ѓубриво од калифорниски црви за да ги одржиме во живот”, изјави директор на ЈП „Паркови и зеленило”.
ПО ОВАА СЛИКА И ПО ОВАА ИЗЈАВА, УШТЕ ЌЕ ПРОТЕСТИРАТЕ ВО ОДБРАНА НА КРИМИНАЛОТ?!?