6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

„Стоп операција Сорос“ предупредува: Сорос и објави војна на македонската економија

Oрганизацијата „Стоп операција Сорос“ денеска вели дека во наредниот период низ целата државата ќе бидат организирани бројни локални референдуми од страна на невладини организации кои и официјално се партнери на соросовата Фондација отворено општетство Македонија. Сорос започнува реализација на сценарио со кое практично објавува војна на странските компании кои пројавиле или ќе пројават интерес за инвестирање во државата.

Никола Србов истакна дека овие соросови организации ќе отворат многу сензитивни прашања за секој граѓанин, ќе манипулираат со чувствителни теми како што се здравјето и потомството. Србов додава дека сето ова е во пресрет на локалните избори, со што ќе се ловат гласови, ќе се креира јавно мислење.

Од огранизацијата „Стоп операција Сорос“ отворено ги кажаа целите на сценариото.

„Преку референдумите соросовите организации, кои се во коалиција со Социјал демократскиот Сојуз, уште од сега ќе ја започнат кампањата на СДСМ. Преку покренување на прашина за теми кои се од општ интерес, навидум позитивни и лесно приемчиви кај граѓаните, ќе се пренасочува гласачкото тело кон една политичка партија. Во исто време ќе се развива анимозитет и револт кој политичкиот опонент, тоа е ВМРО-ДПМНЕ. Соросовите организации преку овие референдуми ќе се обидат да ги спречат сите идни странски инвестиции кои треба да пристигнат во Република Македонија, а притоа ќе се обидат да ги затворат и веќе постоечките. Примарната цел на соросовите организации е уништување на македонската економија и најважно губење на енергетската независност. Целта е Македонија да стане целосно зависна држава и како таква да биде лесен плен и лесна за уценување во однос на надворешната и внатрешната политика“, велат од „Стоп операција Сорос“.

Србов истакна дека Македонија е исправена пред пред најголемите предизвици за нејзиното постоење, бидејќи соросовите организации работат на сценариото македонскиот граѓанин да биде сиромашен, невработен и целосно зависен.

„Со овие референдуми целосно ќе се дефокусира јавноста од прашањето за Тиранската платформа и редефинирањето на нашата држава. Додека граѓаните ќе се занимаваат со беспредметни прашања, на терен ќе ни се спроведува она што е зацртано во планот на СДСМ. Сакаме да и укажеме на јавноста дека во наредниот период ќе биде под притисок со измислени теми и организирање референдуми, а во исто време во државата ќе се одвиваат антиуставни дејствија“, вели Србов.

„Стоп операција Сорос“ ќе изнесе докази и детали во наредниот период дека истите организации  кои беа изнесени во шемата на „СОС“ за текот на парите од Фондација отворено општество Македонија се ангажирани во организирањето на овие референдуми.

поврзани објави

Последни објави