6.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Мекејн: Ситуацијата во Македонија излегува од контрола, потребен е поголем ангажман од САД и ЕУ

Поранешниот кандидат за претседател на САД и републикански сенатор од сојузната држава Аризона, Џон Мекејн смета дека е потребен поголем ангажман, посредување, во мошне динамичната и експлозивна состојба во Македонија и дека не е во ничиј интерес да се распадне на Македонија, пренесува Гласот на Америка на македонски јазик.

„Загрижен сум за Македонија. Не предвидувам војна или конфликт, но велам дека напнатоста е голема и ситуацијата излегува од контрола, и бара поголем ангажман од САД, но и од ЕУ“, коментира претседавачот со Сенатската комисија за вооружените сили во Конгресот.

Запрашан каква треба да биде улогата на САД на Балканот, Мекејн вели е потребен поголем ангажман, со цел Вашингтон да ја потврди поддршката за регионот. Тој смета дека балканските земји треба да бидат вклучени во заедничките воени операции со САД, особено тоа важи за земјите од регионот коишто се дел од НАТО. Сенаторот Мекејн коментира дека САД треба да изразат благодарност земјите од Балканот, за помошта во Авганистан, но и учеството во други мисии во светот.

Осврнувајќи се на севкупните состојби во регионот, сенаторот Мекејн изрази мислење дека иако има огромен напредок од 1990-те, и натаму има значителни притисоци и нестабилност, коишто наместо да се намалуваат, растат и се зголемуваат.

Тој изрази загриженост дека вниманието и фокусот на САД го одвратиле состојбата во Русија, Украина, Блискиот Исток, Кина, на сметка на Балканот. Според него, ниту пак Европејците немаат доволен ангажман во регионот и не се активни во решавање на наталожените проблеми.

поврзани објави

Последни објави