23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Претседателот Иванов со честитка до граѓаните по повод Божиќ

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов се обрати кон јавноста, упатувајќи честитки до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и до сите христијани, по повод големиот празник раѓањето Христово-Божиќ.

Ваше Блаженство,
Дозволете ми, Вам лично, на сите верници од православна вероисповед, на членовите на Светиот архиjерејски синод и на целото свештенство и монаштво, да Ви го честитам големиот христијански празник – Божиќ.
Во деновите кои следат ќе го славиме животот, семејството и новите почетоци. Ова е период од годината кога во духот на Евангелието треба да пронајдеме сили и да ги надвладееме суетите и искушенијата, простувајќи си едни на други.

Верувам дека Македонската православна црква како најголема христијанска заедница во Република Македонија и во иднина ќе ја исполнува својата улога во нашето општество, ширејќи ја пораката за простување, помирување и за сплотување. Ако сакаме да градиме општество на почитување и на достоинство треба да научиме да подадеме рака и да го отвориме срцето со искреност и доверба едни кон други.

Ваше Блаженство, од првиот ден на Божиќ, нашиот заеднички пат да биде вербата во Бога, почитувајќи ја и препознавајќи ја искреноста и доброљубието во нас.

Честитајќи Ви го големиот христијански празник, Ви посакувам добро здравје и духовен мир, а на сите граѓани кои го прославуваат празникот им порачувам со отворено срце да ја прославиме радосната вест за раѓањето на Господ Исус Христос.
За многу години празникот.

д-р Ѓорге Иванов

поврзани објави

Последни објави