„Циркулуз витиозус – вие тоа сакате да го направите. Вие сакате бескраен круг во ова Собрание. Македонија се наоѓа на крстопат и сака да расчисти со ова што се случува, бидејќи граѓаните се уморни од сево ова. Вие ја туркате Македонија во кружен тек, да се врти во место. Има овде луѓе, кои нема да го дозволат тоа. Го кршите деловникот во делот на вашите овластувања, како самопрогласен претседавач на оваа седница. Вие пристрасно ја водите оваа седница. Не само што не ги прекинувате колегите од ВМРО-ДПМНЕ, иако потенциравте да се спомене членот и повредата на деловникот, кој сте должен да го спроведувате, а ние да постапуваме по него, вие премолчивте и не барате колеги да се повикаат на членот од деловникот, туку им дозволивте да прават општ политички маркетинг.
Во овој круцијален момент за Република Македонија, тоа не е дозволено. Правите циркуз од Собранието. Народот е разочаран од институциите на системот. Апелирам од тука натаму, во знак на протест повеќе додека седите на тоа место нема да се јавувам за збор“, рече Димитриевски.