Снегот и понатаму продолжува да предизвикува огромни проблеми низ патиштата во Македонија, особено во источниот дел.
Според најновиот извештај од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ), во прекине е патот кој го поврзува Штип и Велес, а причината е излетано тешко моторно возило (ТМВ) кое го препречило патот кај м. в. Три Чешми.
Така и понатаму останува отсечена Источна Македонија од главниот град Скопје.