Директорката на Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ информираше дека на преглед се јавиле 48 лица кај кои биле направени сите лабораториски радиолошки иследувања, од кои хоспитализирани биле шест лица.
Директорката рече дека доминирале повреди на главата, вратот, а во подоцнежните часови имаше повреди од шок бомби-со посекотини.
Таа рече дека сите пациенти се во стабилна општа состојба. Од нив, нагласи таа, четворица изутрината се пуштени на домашно лекување.
„Остануваат двајца од кои едниот кој има повреда на ахилова тетива најверојатно ќе биде задржан уште некое време“, потенцира Чабуковска.
Најголемиот број од нив биле цивили и четворица од безбедносните сили.