Tурските власти го блокираа пристапот до интернет-енциклопедијата “Википедија”. Сеуште не е јасно зошто е наметната забраната.
„Блокадата ги опфаќа верзиите на” Википедија “на сите можни јазици.
„Забраната стапи во сила од 8 часот наутро, по административна наредба од турските власти “, изјави интернет организацијата „Турција блокира“.
Дописниците на странските медиуми во земјата потврдуваат дека жителите на Истанбул можат да достигнат до страниците на “Википедија” исклучиво преку виртуелни приватни мрежи, но не и преку обичните интернет пребарувачи.