8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Е. Јончева: Македонија треба да стане дел од ЕУ

„Македонија треба да стане дел од Европската унија. На овој начин земјата ќе се дисциплинира во политички план“, изјави портпаролот на пратеничката група на БСП Елена Јончева за бугарското радио Дарик.
Според Јончева, зачленувањето на Македонија во ЕУ, ќе помогне за понатамошното смирување на политичките страсти во Македонија и ќе ги натера политичките партии да делуваат подисциплинирано. Таа додаде дека, европските практики, ќе допринесат за плурализмот во земјата. Јончева порачува дека влезот во ЕУ, ќе ги натера политичките партии во Македонија да работат во интерес на сите граѓани без разлика на нивната етничка припадност или пак политичка определба.

поврзани објави

Последни објави