Под мотото „Доста ни од него“ беше организиран од движењето „Отворена Русија”, финансирана од критичарот на Кремљ и поранешен магнат Михаил Ходорковски. Некогаш најбогатиот човек во Русија, во 2013 година беше ослободен од Путин, откако помина во затвор една деценија за измама – обвинување, кое според Ходорковски, беше политички мотивирано.
Стотици приврзаници на опозицијата во Русија се собраа вчера на протест против претседателот Владимир Путин во Москва, иако настанот беше забранет.
Полицијата соопшти дека на демонстрациите во Москва имало околу 250 лица, а според податоците на организаторите присутни биле околу 1000 лица.
На опозициски настроен портал, се информира дека полицијата привела над 120 демонстранти во Санкт Петербург, како и 15 приведени во градовите Тула и Кемерово.