Заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Брајан Ји од денеска е во дводневна посета на Македонија. Средбите ги почнува со лидерите на партиите на Албанците, а се среќава и со новоизбраниот спикер Талат Џафери.
Во моментов, Ји е на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој е придружуван од Артан Груби и потпретседателката на ДУИ, Теута Арифи.
Американскиот функционер во текот на дводневната посета на Македонија, ќе се сретне и со претставници на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како и со претседателот на државата, Ѓорге Иванов.