-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Хан: Во македонскиот парламент беа нападнати оние кои се за ЕУ

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан во интервју за австриски Стандард вели дека не очекувал ваков напад врз Собранието, но нештата за жал некогаш тргнуваат и наопаку.

Но, вели Хан, доколку тоа создава впечаток дека земјата сега автоматски ќе биде исфрлена од процесот на придружување, одговорот е „Не“.

„Во парламентот беа нападнати оние кои се залагаат за европскиот процес. Ќе биде неправедно сега да кажеме, со тоа заврши перспективата за придружување .Напротив, се надевам дека случувањата ќе бидат аларм за будење. Доколку се повторат, тогаш ќе биде загрозена европската перспектива“, вели Хан.

Демократијата, вели, значи и промени.

„Доколку демократскиот процес и натаму се попречува, ние нема да можеме да го одржиме нашето ветување за почеток на преговорите за придружување“, вели Хан во интервју за Стандард.

поврзани објави

Последни објави