„Институциите и вработените во нив се должни да овозможат спроведување на мнозинската волја на граѓаните.
Неопходно е новиот претседател на Собранието, избран на законски и легитимен начин, целосно да ги преземе одговорностите по Деловник, Устав и закон кон граѓаните и државата.
Врвен државен интерес е мирен трансфер на власта и формирање на ковата реформска Влада и тоа брзо ќе се случи.
Во најскоро време Талат Џафери ќе го информира Ѓорге Иванов дека постои декларирано парламентарно мнозинство и дека Иванов е должен да му го даде мандатот на претседателот Заев за формирање на новата Влада.
Претседателот Заве иако Програмата на новата Влада е позната за целата домашна и меѓународна јавност, ќе ја реафирмира пред граѓаните и Иванов, со што ќе бидат разбиени сите неразумни аргументи со коишто Ѓорге Иванов го условува мандатот, за заштита на интересите на Никола Груевски.
Крвавото насилство во Параламентот, кога беше извршен обид за убиство врз пратеници и насилно беа нападнати новинари и вработени во Собранието не смее да се повтори.
Нарачателите и извршителите ќе одговараат за своите посапки, затоа што со тоа е направено тешко кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и бебзбедноста.
Неопходно е лидерите на сите партии, институциите, граѓаните кои се злоупотребени на протестите да го сфатат својот дел од одговорноста и да овозможат продолжување на демократските процеси.
На парламентарното мнозинство треба да му биде овозможено да формира Влада без понатамошно одложување. Тоа го очекува целата домашна јавност, а на тоа вчера повикаа, по ставот на САД, и евроамбасадорот во земјава Жбогар и европратениците Вајгел, Флекенштајн и Кукан, олеснувачи на политичката криза во Маоедонија“, се вели во соопштението на СДСМ.