Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери влезе во кабинетот на претседателот на Собранието кој вчера беше окупиран со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој нема да може да испрати писмо со кое ќе го побара мандатот од претседателот Иванов, се додека не ги добие собранискте печати од Трајко Вељаноски. Засега уште не е познато дали Вељаноски ги зел печатите со себе и дали постои можност истите да му бидат предадени на Талат Џафери од ДУИ.