fbpx
17.8 C
Skopje

Сенатори сакаат да му го земат телефонот на Трамп

АКТУЕЛНО

Претседателот на комисијата за меѓународни односи во американскиот Сенат Боб Коркер предложи, мобилниот телефон на претседателот Доналд Трамп, да му биде одземен, откако во Twitter, американскиот председател напиша за евентуално “затворање на владата”.  Сенаторите изразија незадоволство од оваа порака на вечера со потпретседателот Мајк Пенс. Тие сметаат дека изразениот став на Трамп пречи на консензусот внатре во Републиканската партија, а исто така и меѓу републиканците и демократите. По средбата со потпретседателот Пенс Коркер рече дека личниот iPhone на Трамп треба да биде одземен, а пораките на претседателот треба да се пуштаат по проверка од вработени на Белата куќа. Трамп напиша пораката за “затворање на владата” по компромисот на републиканците во Конгресот за предлог-буџетот за 2017 година. Пратениците од двете водечки партии се согласија дека делот за трошоци на буџетот ќе изнесува околу еден трилион долари, а трошоците за одбрана ќе бидат зголемени со 25 милијарди во споредба со претходната година.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -