8.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Челси ке игра надвор од „Стемфорд Бриџ“ наредниве четири години

Англискиот премиерлигаш Челси се соочи со проблеми при планирањето за зголемување на стадионот Стемфорд Бриџ.

Според првите прогнози, работите во домот на “сините” требаше да почнат пред почнат во 2019 година, а да завршат пред почетокот на сезоната 2021/22. Сепак, целиот процес е пролонгиран за две години, па Челси ќе мора да игра на друг стадион вкупно четири сезони.

Проблемите настанале поради железничките линии кои проаѓаат во близина на стадионот и за чие изместување е потребно време.

Сега е нејасно каде ќе игра Челси во тие четири години додека се прави стадионот. Планот беше Вембли, каде најверојатно ќе игра и Тотенхем, но сега се разгледуваат и Олимпискиот стадион каде игра Вест Хем, стадионот на Ридинг, Мадејски или теренот на рагби Твикенам. Инаку, Стемфорд Бриџ по проширувањето ќе има капацитет од над 60 илјади места.

поврзани објави

Последни објави