fbpx
0.8 C
Skopje

Игор Дурловски се предомисли: Нема да бидам организатор на протестите

АКТУЕЛНО

Управникот на Македонската опера и балет МОБ и водачот на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски изјави дека повеќе нема да биде организатор на протестите.

Еве што напиша Дурловски на својот фејсбук профил:

,, Шеесет дена мирни, достоинствени протести со дел од моите сонародници и многу сум горд заради тоа. Верував дека со моето делување ќе можам нешто да променам, дека ќе успееме да ја зачуваме Македонија таква каква што ја знаеме – унитарна!

Жал ми е што индиректно бев дел од насилството кое неколку пати јавно го осудив. Стотиците закани не ме уплашија, но тоа што ме скрши е што дел од моите сограѓани брутално ме напаѓаа поради разликите во ставовите за иднината на Македонија. Тие што ме познаваат знаат дека моите намери се чесни и од срце. Само времето може да покаже дали биле правилни.

На И4 им посакувам истрајност и разумно делување, редовно ќе бидам меѓу нив на улица, но пред се својата поддршка за Македонија понатаму ќе ја остварувам како организатор на сопствените морални убедувања и професионално делување. Народот добро знае за што се залага и без мене како еден од нивните организатори. Народот не може никој да го контролира. Јас сум нераскинлив дел од мојот народ кому е потребно вистинско лидерство во овој момент. Да живее Македонија!’’ – вели Дурловски на својот профил.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -