11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Борисов утре ќе го објави составот на неговата влада

Мандаторот за состав на новата бугарска влада, Бојко Борисов утре на претседателот на Бугарија, Румен Радев ќе му го достави својот предлог за состав на неговиот нов кабинет, јави БТА.

Како што соопшти денеска Прес-службата на Кабинетот на шефот на бугарската држава, по ова Радев ќе ги исполни своите уставни обврски и уште утре на Народното собрание ќе му предложи да го избере Борисов за премиер.

Во соопштението се додава и дека Радев ќе присуствува на собраниската седница на која ќе бидат избрани премиерот и членовите на неговата влада.

Конзервативната партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) на Борисов постигна договор за формирање владина колаиција со националистичкиот блок Обединети патриоти (ОП).

поврзани објави

Последни објави