6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Владимир Ѓорчев и Никола Поповски најсериозни кандидати за лидер на ВМРО-ДПМНЕ?

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и член на Извршниот комитет на партијата, Владимир Ѓорчев како долгогодишен искусен пратеник од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, беше еден од ретките политичари од неговата партија кои минатиот четврток застанаа во одбрана на пратениците на СДСМ и ДУИ.

Од видео снимките кои излегоа на социјалните мрежи, а кои беа споделени на медиумите, може да се види како Ѓорчев во текот на нападот врз пратениците од СДСМ, вклучувајќи го и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ги креваше рацете и ги молеше луѓето кои влегоа насилно во Собранието, да престанат со нападите, обидувајќи се да ја смири напнатата и тензична состојба во прес центарот на Собранието.

Респект и почит за ваквиот потег на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ стигна и од претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој јавно му се заблагодари на Ѓорчев за тоа што тој се обидувал да ги одбрани од нападите на граѓаните кои тој ден се обидоа да извршат физичко насилство врз пратениците од СДСМ и ДУИ.

Како што пренесува порталот А1он, од нивни дипломатски извори за ВМРО-ДПМНЕ би било подобро доколку  Владимир Ѓорчев би ја водел ВМРО-ДПМНЕ. Неговата заштита на пратениците покажува повисока свест потребна да се демократизира десницата

Извори за А1он коментираат дека има уште двајца во партијата кои ги гледаат како нови лидери. Едниот е Никола Тодоров кој исто застана во одбрана на пратениците, а вториот Никола Поповски. Најголеми шанси во моментов му се даваат на Владимир Ѓорчев, иако до пред два месеци тоа беше Никола Поповски.

Порталот објавува дека во  однос на сегашниот лидер Никола Груевски се наведува дека нема да може уште долго да ја води партијата. Доколку сепак остане на лидерската позиција се прогнозира нејзино пропаѓање и појава на нова партија во десницата.

Покрај Ѓорчев, тие го наведуваат Тодоров и Никола Поповски како можни кандидати за лидерското столче во ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави