10.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Џафери во официјална посета на Брисел како претседател на Собранието на Република Македонија

Новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери денеска одржа средба со еврокомесарот за добрососедска политика и проширување, Јоханес Хан.

На средбата, еврокомесарот  порачал дека македонскиот законодавен дом сега треба непречено да работи и повикал сите пратеници да имаат конструктивна улога, без провокативни изјави и активности.

„Парламентот сега мора непречено да работи. Сите пратеници вклучувајќи ја и опозицијата се очекува да бидат конструктивни, а не да имаат опструкциска улога, и сите актери да се воздржуваат од провокативни изјави и активности. Парламентот мора да биде форум за дебата за сериозните предизвици со кои се соочува земјата и да ги овозможи потребните гаранции за напредување на земјата во интерес на сите граѓани и заедници“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Хан.

Тој нагласил дека сега е многу важно да се формира влада во согласност со Уставот и демократските процеси.

На средбата еврокомеасарот Хан ја повторил силната осуда на, како што стои, смислени напади на паралментарците и новинарите во Парламентот. Предупредил дека секое повторување на вакви акти може сериозно да ја загрози европската перспектива на земјата.

Инаку, претседателот Џафери е во прва официјална посета на Брисел на покана на првите луѓе на ЕУ и на ЕП.

поврзани објави

Последни објави