Претседателот на државата, Ѓорге Иванов го примил писмото од новоизбраниот претседател на Собранието, Талат Џафери, во кое што го информира шефот на државата дека е конституирано парламентарното мнозинство.
Како што пренесува РСЕ, кабинетот на Претседателот потврдува дека е пристигнато писмо од Собранието на Република Македонија. Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе постапи согласно Уставот на Република Македонија и воспоставената практика, се вели во одговорот на прашањето на РСЕ дали е пристигнато писмото.