10.8 C
Skopje
Wednesday, November 13, 2024

Тачи: Забавувањето на ЕУ интеграциите е закана за безбедноста за регионот

„Сфаќаме дека ЕУ е заморена од проширувањето. Но заложбата на земјите од Западен Балкан за придружување кон ЕУ не треба да трпи поради овој замор. Доцнењето на ЕУ да го приближи регионот на Западен Балкан претставува закана за безбедноста. Вакуумот што ЕУ го остава брзаат да го заземат други идеологии, националистички и религиозни“ рече Тачи во текот на средбата со министерката за надворешни работи на Шведска, Маргот Валстром“, се наведува во соопштението од неговиот кабинет.

Според Тачи, дијалогот мора да се претвори во процес на помирување, а во него Европската Унија треба да ја задржи централната улога.

„Имаме добри односи со соседните држави, со Србија сме ангажирани во процесот на дијалогот. Време е за поинаков квалитет на дијалогот и тој мора да се претвори во процес на помирување, пријателство и добрососедска соработка меѓу Косово и Србија“, рече Тачи.

поврзани објави

Последни објави