6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ И СДСМ со осуда за албанското знаме на бирото на Џафери

Најголемите македонски политички партии ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ го осудија поставувањето на албанското знаме во неговиот кабинет.

„Внесувањето на знамето на туѓа држава во кабинетот кој треба да му припадне на претседателот на Собранието е срамен и недостоен чин, но уште посрамен и понедостоен е молкот на уценетиот криминалец Заев кој не смее да му каже на Талат Џафери дека доколку не го отстрани знамето, СДС ќе побара негова смена.“ – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, порача дека Уставот и законите мора да се почитуваат и дека секој треба да сноси политичка и правна одговорност, без разлика дали се работи за нивниот коалициски партнер.

 „Законот мора да важи  за сите исите политички предрасуди да ги ставиме од секундарно значење. Уставот и законот не може веќе да се газат и тоа да се прикажува како патриотски чин. Ние сме мултиетничка држава и така ќе останеме“ – изјави Зоран Заев.
Инаку, новоизбраниот претседател Талат Џафери, вели дека ни знамето ни политички партии на Албанците не се тие што влијаат врз политчкиот живот во Македонија, бидејќи се во согласност со Уставот и законите, изјави Џафери по средбите одржани во Брисел.

„Фактот што и припаѓам на албанската заедница како дел прошишан во уставот, од личен аспект го направив во смисла на припадноста на граѓанинот Талат Џафери, не загрозувајќи ја фунцијата.“ – изјави Талат Џафери, претседател на Собранието.

поврзани објави

Последни објави