6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Колев ги поздрави Борисов и Каракачанов

Претседателот на Здружението за „Македонско-Бугарско пријателство“,Петар Колев, преку телеграма ги поздрави новиот бугарски премиер Бојко Борисов и заменик премиерот одговорен за безбедноста и нов министер за одбрана Красимир Каракачанов по повод нивниот избор на овие одговорни функции. Во телеграмата меѓу другото стои:

„Почитувани, Од името на сите членови и симпатизери на здружението за „Македонско-Бугарско Пријателство“ би сакале да Ве поздравиме за вашиот избор на овие одговорни функции. Пред Вас стои огромна одговорност, а имено борбата за подобар живот за бугарските граѓани. Ви пожелуваме пред се здравје и истрајност во преземените од Вас чекори, за подобрување на положбата на граѓаните на Република Бугарија, во границите на државата, а и надвор од неа. Ви посакуваме успеси на секое поле и се надеваме дека Бугарија ќе остане гарант за евроатлантската интеграција на нашата Р. Македонија. Нашата држава има потреба од Вашата поддршка“.

Од телеграмата станува јасно дека МБП останува на ставот дека Бугарија, како најблиска наша земја на Балканот, со сите можни средства треба да и помогне на Македонија, во нејзниот пат за влез во Европската Унија и НАТО.

 

поврзани објави

Последни објави