fbpx
-0.2 C
Skopje

Средба на Груевски со претставници од ОБСЕ: Незаконскиот избор на Џафери ќе донесе поголема нестабилност и продлабочување на кризата

АКТУЕЛНО

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата Никола Попоски, Никола Тодоров и Влатко Ѓорчев остварија средба со високи преставници на делегацијата од ОБСЕ.

„На средбата беа презентирани ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за актуелната состојба и предизвиците со кој се соочува државата.

Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше осудено непочитувањето на Уставот, законите и деловникот на Собранието од страна на СДС и нивните коалициони партнери. Беше истакнато дека преседанот со незаконскиот избор на Талат Џафери, надвор од сите пропишани процедури води кон други преседани што ќе значат суспендирање на правниот систем. Таквото затруено дрво ќе роди затруени плодови, и уште поголема нестабилност и продлабочување на политичката криза, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ беше истакното дека потребно е гласање за Претседател на Собрание целосно почитувајќи ги процедурите пропишани со законските и уставни норми. Нивното прекршување ќе повлекува кривична одговорност за сторителите на незаконскиот акт.

ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ќе продолжи да дејствува согласно интересите на граѓаните и Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -