fbpx
16.8 C
Skopje

Напаѓачот на Шекеринска вчера бил приведен од страна на Алфите

АКТУЕЛНО

Во врска со немилите настани што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија, на 06.05.2017 од страна на Секторот за внатрешни работи Скопје во соработка со Основното јавно обвинителство преземени се мерки и активности за идентификување на други лица учесници во настаните, известуваат од МВР.

На 06.05.2017 година од страна на ЕПОИ Алфа лишено од слобода и приведено во ПС од ОН Кисела Вода е лицето П.А. (65) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело” по член 385 од Кривичниот законик на Република Македонија. Со лицето бил извршен службен разговор, во кој истиот ги појаснил преземените дејствија. Имено, откако П.А. влегол во салата каде се одржувала прес конференција со употреба на физичка сила ги нападнал пратениците З.З., Р.Ш. и Р.И. , а воедно се туркал со вработени од обезбедувањето. По завршување на разговорот разговор и констатирање на дејствијата, околу 19.00 часот на 06.0.2017 година, П.А. е предаден на Основното Јавно обвинителство во Скопје за понатамошна постапка.“

„Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните што се случија на 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните“, се вели во соопштението на МВР.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -