fbpx
-4.2 C
Skopje

Каракачанов: Ако нема задолжителна воена обука, како ќе ја браниме државата?

АКТУЕЛНО

Укинувањето на задолжителниот воен рок во 2008 година беше исклучително избрзана и погрешна политичка одлука на тогашната владејачка гарнитура. Ова го изјави вицепремиерот и министер за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов.
Како што гледате, дебатата во Европа, во НАТО-вските држави за враќањето на задолжителниот воен рок, одамна е во тек. Ајде да ја отвориме дебатат и пред бугарската јавност. Воениот рок им дава можност на сите бугарски младинци да ја исполнат својата уставна обврска – одбраната на татковината. Тоа е прашање на долг на секој бугарски државјанин. Во време на конфликт – како необучените бугарски младинци ќе можат да ја исполнат својата обврска да ја одбранат својата земја “, коментира Каракачанов во етерот на Бугарското Национално Радио.
Кој рекол дека ќе имаме армија која нема да е добро финансирана, опремена и обучена? Ако воениот рок биде воведен, ќе треба и добро организирање на работите, па логично ќе биде да побараме воведување на воена обука во средните училишта, уште од следната година “, додаде тој.
Мислам дека јавното мислење во земјата, ќе поддржи идејата за повторно воведување на задолжителното служење воен рок.“, додаде министерот, цитиран од агенцијата “Фокус”.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -