-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Франција бира нов претседател

Франција денеска бира нов претседател. Во осум часот беа отворени гласачките места на кои 47 милиони Франацузи ќе одлучуваат кој ќе биде новиот шеф на државата. Гласачките места денеска се отворени за вториот круг од претседателските избори во Франција, кои ќе утврдат дали земјата го прифаќа својот статус како водечка членка на Европската унија (ЕУ) или ќе се движи по патот на „Фрегзит.“ Центристот Емануел Макрон водеше проевропска кампања, додека крајно-десничарската националистичка лидерка Марин Ле Пен сака Франција да ја напушти ЕУ и да се откаже од еврото. Излезеноста на гласањето за вториот круг од претседателските избори во Франција до 12 часот е 28,23 отсто. . Канидатите Марин Ле Пен и Емануел Макрон веќе гласаа, исто како и актуелниот претседател Франсоа Оланд.  Според анкетите по првиот круг на изборите Макрон ја има поддршката на 62 отсто од гласачите , во однос на 38 проценти на неговиот ривал Ле Пен.

поврзани објави

Последни објави